вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

Златко Марин во предреферендумскиот период издал одобрение за градење комплекс

ВМРО – ДПМНЕ денес со уште еден сканла поврзан со градоначалникот на општина Аеродром и злоупотребата на референдумската кампања.
Споед ВМРО – ДПМНЕ пред околу дваесетина дена предупредиле дека општина Аеродром е спремна да издаде одобрение за изградба на нова висококатница на локацијата кај “Мајчин дом”.

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин го искористи предреферендумскиот период и на инвеститорот му издаде одобрение за градење на станбено деловен комплекс на површина од околу 14.000 метри квадратни, поточно десеткатница со повеќе од 240 нови станови. – обвини Дејан Митевски, претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Аеродром.

Според ВМРО – ДПМНЕ злоупотребен е периодот од референдумската кампања а со проектот ќе се уништи добар дел и од градското зеленило.

Златко Марин одобрението за градење го издал на 19-ти септември. Иако ветуваше дека ќе ја спречи изградбата на оваа висококатница, дека ќе го зачува зеленилото токму на овој простор, како по навика, повторно излажа. Залудни беа и барањата и потребите на граѓаните. Сепак зеленилото кај “Мајчин дом” ќе биде минато. Како најнеспособен градоначалник на Аеродром, како човек за кого зборот не е збор, успеа да стане рекордер во град Скопје и тоа по број на издадени одобренија за градење. -рече Митевски.

Според него, Марин за помалку од една година издал одобренија за градење на повеќе од 1.100 нови станови во Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top