сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 41 ново

Интимна исповед на Емилија Розман: “Посегнав по таблети, се труев со антидепресиви!”

Манекенката Емилија Розман пред извесен период се соочи со голема трагедија и вели дека откако починал нејзиниот татко нејзиниот живот се распаднал и и требало многу време за да се врати во нормала и да ја прифати неговата загуба.

„Откако почина татко ми паднав во тешка депресија, не излегував од дома, не разговарав со никој. Посегнав по таблети, се труев со антидепресиви и таа сага траеше неколку месеци. Благодарение на мајка ми,семејството, пријателите, успеав да се вратам во нормала и сега сум подобра. Научив да живеам со болката и сфатив дека антидепресивите не се решение за мојот проблем, искрена е мисицата.

Во моментов е фокусирана на своите магистерски студии, паралелно работи како организатор на свечености, а наскоро ќе ги брани и нашите бои на два светски избори за убавина, од кои едниот ќе биде на Тајланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top