петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Мајка му умрела од рак, адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум

Српскиот адвокат Срѓан Алексиќ поднесе тужба против НАТО поради употреба на муниција со осиромашен ураниум за време на воздушните напади врз поранешна СР Југославија во 1999 година.

Според Алексиќ, користењето на ваква муниција придонело за „драстично зголемување на онколошките заболувања во регионот“.

Тој нагласи дека тужбата ја поднесува во име на неговата мајка, која починала од рак.

– Како човек и адвокат има долг кон мојата покојна мајка и нашите роднини кои живееја во село, каде беа бомбардирани со мунуција со осиромашен ураниум и заболеа од рак. Многумина од нив починаа од онколошки заболувања, иако живееја во еколошки чисти средини, каде до 1999 година немаше никакви извори на загадување – изјави Алексиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top