понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 103 ново

Срамна незаконита пресуда на Апелациониот суд Штип

Градоначалникот на Ново Село БОРО СТОЈЧЕВ, близок пријател на Зоран Заев и шверцер на цигари од голем калибар ја избегна заслужената казна со политичка одлука и незаконита пресуда на Апелациониот суд Штип

Михајло Маневски

Апелациониот суд од Штип, на градоначалникот од Ново село БОРО СТОЈЧЕВ, меѓународниот шверер на цигари му изрече симболична казна затвор од 6 месеци!? На неговата банда во која учествувал неговиот син и внук и уште едно лице исто така им изрекол казни затвор во трање од по три месеци, додека на неговата сопруга и е изречена условна осуда.

Апелациониот суд Штип ја уважил жалбата на обинетиот градоначалник – шверцер и казната што му ја изрекол Основниот суд во Струмица во траење од 18 месеци му ја намалил на само 6 месеци или му изрекол за две тртини помала казна. Казните за повеќе од две тртини судот ги намалил и на обвинетите – неговиот син и внук и на уште едно лице со специјалчни извидувачки задачи во бандата од казна затвор по 1 година, на казна затвор во траење од само по три месеци.

Судот ја одбил како неоснована жалбата на Основниот јавен обвинител од Струмица, кој се жалел поради одлуката на судот за казната, бидејки сметал дека Основниот суд Струмица на обвинетите неоправдано им изрекол благи казни.

Политичка противзаконита пресуда на Апелациониот суд Штип

Пресудата на Апелациониот суд во Штип не е правна, туку политичка. Пресудата е спротивна на членот 39 од Кривичниот законик, кој ги определува општите правила за одмерување на казната. Според ова одредба, судот ќе му одмери казна на сторителот на кривично дело во границите што се пропишани со закон за тоа дело, имајќи ги предвид кривичната одговорност на сторителот, тежината на делото и целите на казнувањето.

Судот според ставот 2 на овој член, при одмерување на казната е должен да ги има предвид сите околности што влијаат казната да биде помала или поголема, а тоа се олеснувачки и отежнувачки околности, а особено степенот на кривичната одговорност, побудите од кои е сторено делото, околностите под кои е сторено делото, неговите лични припики, јачината на загрозувањето или повредата на заштитното добро, како и други околности што се однесуваат на личноста на сторителот.

Кои олеснителни или отежителни околности ги ценел Апелациониот суд при одмерување на казната?
Не е олеснителна, туку отежителна околност својството на обвинетиот, кој како градоначалник на СДСМ на една погранична општина, наместо да се грижи за спречување на нелегални активности во пограничната општина, се впуштил во недозволен шверц на акцизна стока – цигари од големи размери?

Не е олеснителна, туку отежителна околност тоа што обвинетиот градоначалник организирал банда од 5 лица за извршување на меѓународен шверц на цигари и на лице место е фатен со околу 3.300 штеки цигари CALIPSO во вредност од над 3.245.589 денари или окулу 54 илјади евра натоварени во две возила?

Не се олеснителни, туку отежителни околности побудите на обвинетиот шверцер – градоначалник, кој кривичното дело го извршува од од користоњубие, а не од нужда или намештија?

Дали е олеснителна, туку сериозна отежителна околност личноста на обвинетиот Боро Стојчев, кој сторил дело во поврат и кој во 2015 година бил осуден со 2 правосилни судски пресуди, од кои едната од тие пресуди е условна затворска казна време од 4 години, а втората е парична казна?

Не е олеснителна, туку отежителна околност имотната положба на осудениот Боро Стојчев, кој стекнал огромно богатство, кое се состои од огромна куќа-хациенда на три ката со базен, моротни возила и големи недвижности, а граѓани од Ново Село отворено говорат дека ова требало да се стори многу порано, алудирајки на сознанија за шверц подолго време.

Апелациониот суд ги прекршил одредби од Кривичниот законик и ги повредил основните правила при одмерување на казната на осудениот Боро Стојчеи и неговата банда од члернт 39 од Кривичниот законик и донел незаконита пресуда. Кои се тие олеснителни оклности што ги ценел судот и на обвинетиот да му изрекол симболична казна, која за две третини е помала од казната што му ја изрекол Основниот суд Стгрумица? Такви олеснителни околности нема, туку напротив има сериозни отежителни околности на кои укажува и јавниот обвинител од Струмица во жалбата со која бара построги казни. Запрепастувачки е тоа пто на неговиот син, кој го возел едното возило и се обидел да бега, поради што полицијата испукала два куршуми во воздух, му се изрекува казна затвор од само три месеци! Зошто судот не ја отповикал условната осуда на овбинетиот градоначалник, кој по трет пат се судрува со законот?

Единствена одлучувачка околност е блиското пријателство на Боро Стојчев со Зоран Заев и СДСМ за спасување на градоначалничката функција

Реформите на судството и Советот за реформи на Зоран Заев, очигледно не важат за неговиот пријател БОРО СТОЈЧЕВ, градоначалник на општината Ново Село и докажан меѓународен шверцер на цигари од голем калибар. Зоран Заев го спасува својот пријател Боро Стојчев со казна затвор од 6 месеци и го спасува СДСМ, со цел да не ја загуби градоначалничката функција, бидејки таа функција му престанува по сила на законот, ако е осуден на безусловна казна затвор над од 6 месеци. Тоа е целта, да се спасува еден превејан шверцер и градоначалничката функција, Сето тоа се остварува со груба повреда на Кривичниот законик од страна на Апелациониот суд Штип, на чие чело како претседател на судот стои струмичанецот Наќе Ѓeоргиев.
Со ова срамна незаконита пресуда е инструментализиран Апелациониот суд Штип за политички цели.
Судскиот совет на Република Македонија е должен да презеде мерки поради груба повреда на законот со ваква срамна незаконита политичка пресуда и Јавниот обвинител на Република Македонија за злоупотреба на службената положба.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top