сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 38 ново

Нема да знаат како да ги потрошат: Пензиите повисоки за 1,8 отсто!

Со исплата на септемвриската пензија на почетокот на октомври ќе се изврши усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8% кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците на живот, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено новото усогласување на пензиите од 1,8% за месеците јули и август. Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8%, но без дополнителни разлики од претходниот период.

Просечната пензија за месец септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8% изнесува 14.500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13.106 денари.

Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top