петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Изложба на слики од Владимир Темков во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје,на четврти октомври во 19 часот ќе биде отворена илзожба на слики од современиот македонски сликар Владимир Темков.На изложбата авторот ќе се претстави со триесет дела создадени во последниве неколку години.

Изложбата ќе ја отвори и за богатиот опус на Темков ќе говори писателот Блаже Миневски.

Со оваа изложба Матица македонска ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите бвредности на македонските уметници.Во изминатите шест години во престижниот салон на „Матица ексклузив“ беа реализирани изложби од истакнатите македонски сликари:Васко Ташковски,Глигор Чемерски,Газанфер Бајрам,Коле Манев,Павле Кузмановски,Симон Шемов,Стефан Хаџи Николов,Новица Трајковски,Ниче Василев и др.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top