вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Промоција на водич за музејска програма за лица со аутизам

Музејот на македонската борба денеска ќе промовира водич за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства и семинар за музејски работници.

Водичот е дел од проектот „Отворени музеи“ чија цел е унапредување на инклузивноста, едукацијата, социјалната правда и пристапноста на музеите, а промоцијата е во рамки на Европските денови на културно наследство.

– Главна цел на проектот е промоција на културното наследство, подобрување на пристапноста на музејските содржини и иницирање иден развој на музејски програми за подобрување на инклузивноста на ранливите групи во општеството – деца со аутизам и нивните семејства, соопшти Музејот на македонската борба.

Проектот се реализира во соработка со ПОУ „Д-р Златан Сремец“ и Македонското научно здружение за аутизам, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на одбележување на 2018 – Европска година на културното наследство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top