петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Изложба на Дороти Пачкова во Галеријата „Коџоман“ во Струга и во „Икар Кат“ во Охрид

На 1 октомври (понеделник), со почеток во 18.30ч., кога во ИКАР КАТ во Охрид  и во 12:00ч. во Галерија Коџоман во Струга ќе биде отворена изложбата со наслов „УШТЕ ШТО ДРУГО СУМ ОСВЕН ШТО СУМ КАНЦЕР НА ОПШТЕСТВОТО“, на прогресивната уметница ДОРОТИ ПАЧКОВА. 
Ова е нејзина седма (7) самостојна изложба и е поттикната од стигматизирачките, дискриминирачки и стереотипизирани навреди упатувани кон жените, посебно кон жените самохрани мајки.
Визијата на проектот е да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Феминистичката уметност, како овој проект, отвара полиња и сфери кои порано не постоеја/не беа на дневен ред за дискусија и преобмислување, посебно отварајќи простор за активистичката уметност и нудејќи можности за разрешување на проблемите со женскиот идентитет, преку интердисциплинарен пристап. 
Главната цел на овој мал, патувачки проект е да направи “game change” во перцепцијата и самопепрцепцијата на и за жените, посебно за жените сингл мајки.
Претендирајќи дека една жена може/е успешна, целејќи да ја извади од улогата на жртва, лузерство, неуспех, самосожалување и не давање на шанси за подобар живот на себе и на своите деца.
Дополнително има за цел, да и претстави на пошироката публика какви се способности може да имаат жените, и посебно – да еманципира дека сингл мајките не се канцер на општествата. (како што можеме да читаме ако просрчаме со овие зборчиња на Google) 
Воедно се надева дека ќе ги поттикне и мотивира и донесувачите на одлуки за јавните родови политики кои ги опфаќаат/кои се однесуваат на жените сингл мајки, да излезат од игнорантската позиција, после 27 години и кон целната група да одговорат според нивните специфични начини на дејствување и живеење, кои им ги наметнуваат семејните околности.
Со ваков вид на позитивна акција/афирмација, се отвараат нови перспективи и се детабуизира, се дестигматизира и унапредува позицијата на сингл мајките, а и се мотивираат сите жени, со и без деца и од различни типови на семејни конструкти. 
Исто така, проектот сака да создаде ефективен круг на феминистичко уметничка, конструктивно критична маса, што е пак помала подгрупа во големата сфера на феминистичка теорија која ги истражува дискриминацијата, сексуалната објективизација, угнетувањето, патријахалноста стереотипизирањето и слични родови проблеми. 
Вака се создава потенцијална можност за идни инклузивни, здружени соработки, кои организирано ќе третираат уметничко-културни-родови предизвици.
Проектот го формираат 20 концептуални фотографии, на жена, во сите различни сценарија кој се дел од нејзиното секојдневие. Фотографиите референцираат на првите феминистички фотографии, но во современ контекст и преку перспектива на сингл мајчинство.
Фотографиите се свесно доведени до радикално нагласување на успешноста на жената, токму поради потребата да се излезе од дисфункционалниот, наметнат, директно и индиректно матрикс. 
Изложбата е мала и патувачка, и ќе биде поставена во најмногу 5 града, почнувајќи од:
1 Октомври, Охрид-@Икар Хат
3 Октомври, Струга-Музеј на Струга Никола незлобнински, Галерија Вангел Коџоман, а до крајот на месецот и во
Тетово-Музеј на Тетово-Галерија,
Штип – Дом на млади,
Битола – Младински културен центар – галериски простор,
и Скопје – Концепт центар Една може/една прави

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top