четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 108 ново

Македонската филхармонија на свеченото отворање на „Интерфест-Битола“

Македонската филхармонија, на 2 октомври, ќе гостува во Центарот за култура во Битола, на свеченото отворање на 27-то издание на Интернационалниот фестивал за класична музика „Интерфест-Битола“.

Филхармонијата ќе се претстави со симфониски концерт, на кој како солист ќе настапи истакнатата виолинистка Ајман Мусакаџајева од Казахстан, која ќе го изведе атрактивниот Концерт за виолина од Арам Хачатуријан. Диригент е маестро Борјан Цанев, а оваа вечер ќе биде изведена и „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз, една од најпопуларните творби на францускиот композитор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top