среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 111 ново

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул, се ставени на продажба, а цената на некои достигнува и 95 милиони долари. Меѓу нив има и 40 историски објекти, пишува „Хуриет дејли њуз”. Веднаш до брегот на Босфорот се распоредени вкупно 600 првокласни вили, од кои 366 се класифицирани како историско наследство.

Освен вилите, понудени се и 40 апартмани со цени од 1,7 до 12 милиони долари. Најатрактивни се имотите во квартовите Бебек и Еникој во европскиот дел и Ваникој, Кандили и Анадолухисар во азискиот дел на Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top