сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 38 ново

Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата во серијата „Синови на анархијата“, почина од срцев удар во 49-та година од животот. Неговото тело е пронајдено завчера вечер во домот на неговиот татко во Сан Хозе, Калифорнија.

Актерот е пронајден без свест, а и покрај обидите на екипата од Итна помош, тој не покажа подобрување и е прогласен за мртов.

Освен во „Синови на анархијата“, Васкез глумеше и во „Како ја запознав мајка ви“, „Итна помош“, „Истрага на местото на злосторството: Њујорк“ и други познати серии и филмови.

Васкез е вториот глумец од оваа серија кој почина за само три месеци. Неговиот колега Алан О’Нил почина од труење со алкохол во јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top