среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Росоклија: Излегување на референдумот не е разлика во мислење туку е национално предавство

За професорот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колубија, во Њујорк, излегување на референдумот не е разлика во мислење туку е национално предавство, а нацијата е македонската.

„Што имам да се гледам и слушам со нив!

Излегување на референдумот не е разлика во мислење туку е национално предавство, а нацијата е македонската

Професорите со кои деновие бев во контакт во Франција, повеќето правници, не можат да ни се начудат на ,,умот“, поточно на немањето ум, немањето лично и немањето национално достоинство.

Некои мои пријатели се прашуваат како утре ќе ги гледаат тие што се соучесници во предавството?

Ако решиме да не постојат за нас, а за мене не постојат од моментот кога се изјаснија ЗА, ќе решиме барем еден проблем.

Се заљубуваме, одљубуваме и забораваме за (симболични) 6 дена дека сме сакале, се разведуваме од луѓе со кои сме создале семејство и како никогаш да не сме ги познавале, а треба да губам време било во дружење било во размислување за ликови кон кои или никогаш не сум изградил респект или сум го загубил изградениот?

Мојот дом ќе биде затворен за сите нив и ниту една минута од моето преостанато животно време нема да им посветам.

Толку е едноставно!“ напиша Росоклија на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top