среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Вечерва во минус, утре ќе биде најстудениот ден

Вистински студ не чека во наредните неколку дена. Уште вечерва, метеоролозите најавуваат дека силниот северен ветер ќе донесе исклучително ниски температури кои во Скопје ќе се спуштат до само 2 степени над нулата а во некои градови низ Македонија вечерва за прв пат ќе се регистрираат минуси.

Утре не очекува уште еден ист ден како денешниот. Во текот на денот ќе има сончеви период но и многу студен ветер. Максималната ќе се искачи до 18 степени а минималната утре во Скопје ќе се спушти на 0 степени, а на повисоките места ќе оди и до минус 5.

Тоа што ќе има релативно високи температури не значи многу бидејќи она што популарно се нарекува „Real Feel“ температура ќе биде неколку степени пониска под влијание на ветерот, поради што, јакна за утрешниот ден е задолжителна гардероба.
Слично ќе биде и во четврток а во петок се најавува наоблачување кое ќе ги покачи утрински температури а дневните ќе се задржат на нивото од денеска, но поради тоа што нема да има ветер, ќе се чувствува дека е потопло.
За време на викендот се најавуваат услови за дожд и значителен пораст на утринските температури.
За во недела се најавуваат услови за невреме проследено со силни електрични празнења.

Share Button

Pin It

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top