четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Доналд Трамп во ОН: Глобализацијата е готова, доаѓа време на патриотизам

лагодарение на американската војска, можам да кажам, дека убијците од „Исламска држава“ се протерани од своите упоришта во Ирак и Сирија. Ние ќе продолжиме да работиме на спречување на радикалниот исламиски тероризам. Конфликтот во Сирија крши срца … Повикувам дополнително да се зајакне мировниот процес во Обединетите нации, но САД ќе реагираат ако (сирискиот претседател Башар ал) Асад повторно употреби хемиско оружје, рече американскиот претседател

Претседателот на САД Доналд Трамп во денешниот говор на Генералното Собрание на Обединетите нации посочи дека ја отфрла идеологијата на глобализмот и ја прифаќа доктрината на патриотизам.

– Нашата армија наскоро ќе биде помоќна од кога било во историјата. САД е посилна, побезбедна и попросперитетна земја од пред две години, кога ја презедев функцијата, изјави Трамп.

– Ние ги штитиме американските вредности и луѓе, но ние се бориме за целиот свет, рече Трамп од говорницата во Њујорк, додавајќи дека тоа е добра вест за светот, бидејќи кога се борат за сопствен просперитет полесно е да се обезбеди мир.

Што се однесува на Северна Кореја, Трамп посочи дека САД го почитуват правото на сите народи да ги следат своите традиции и обичаи.

– САД нема да ви кажува како да живееете и работите, ние бараме само да се почитува нашиот суверенитет. Ми беше чест да ја претставувам САД во странство, изградив партнерства со лидерите на многу земји и нашиот пристап доведе до големи промени, вели Трамп.

– Ние ја наведовме Северна Кореја да го замени конфликтот со надеж за мир. Имавме продуктивни дискусии и состаноци, се согласивме дека денуклеаризацијата е во интерес на нашите народи. Ракети веќе не летаат во сите правци, нуклеарните тестови се запрени, нашите заложници ослободени, но останките од нашите паднати борци се вратени во татковината и закопани во американска почва, рече американскиот претседател.

– Сакам да се заблагодарам на Ким Џонг-Ун на чекорите што ги презеде, но ние имаме уште многу работа, изјави Трамп, истакнувајќи дека санкциите остануваат во сила се додека не се дојде до целосна денуклеаризација.

Тој упати посебна благодарност до претседателот на Јужна Кореја Мун-Џаи-ин, јапонскиот премиер Шинѕо Абе и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Трамп се пофали и со нов пристап за Блискиот Исток.

– По мојата посета на Саудиска Арабија минатата година, воведуваат нови санкции и преземат поголема одговорност против екстремизмот и тероризмот во регионот. Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар ветија милијарди долари за луѓето во Јемен и Сирија и прават напори да се стави крај на војната во Јемен, рече Трамп на Генералното Собрание на ОН.

– Благодарение на американската војска, можам да кажам, дека убијците од „Исламска држава“ се протерани од своите упоришта во Ирак и Сирија. Ние ќе продолжиме да работиме на спречување на радикалниот исламиски тероризам. Конфликтот во Сирија крши срца … Повикувам дополнително да се зајакне мировниот процес во Обединетите нации, но САД ќе реагираат ако (сирискиот претседател Башар ал) Асад повторно употреби хемиско оружје, рече американскиот претседател.

– Секое решение за хуманитарната криза во Сирија мора да вклучи стратегија против корумпираната диктатурата во Иран што сее хаос, смрт и уништување. Тие не ги почитуваат своите граници, ниту нивните соседи, ниту суверенитетот на другите нации. Тие ги ограбуваат ресурсите на нивната земја, со цел да се збогатат и да шират хаос. Иранскиот народ со право е огорчен што нивните лидери проневериле милијарди долари, изјави Трамп.

– Не можеме да дозволиме најопасниот спонзор на терористите во светот да го поседува најопасното оружје во светот. Барам од сите народи да го изолираат иранскиот режим се додека тие продолжуваат со нивната агресија, изјави шефот на американската држава, пренесува Н1.

Тој се осврна и на преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, со што Ерусалим го призна за главен град на Израел, што пак наиде на голема осуда кај Палестинците, истакнувајќи дека САД се посветени на постигнување траен мир на Блискиот исток.

Кога станува збор за трговската војна, Трамп истакна дека трговијата треба да биде фер и реципрочна и оти САД нема да дозволат некој да ги искористува.

– Другите земји не ни дозволија слободен пристап до нивните пазари, некои дури и ја злоупотребија нашата отвореност, со цел да се добијат нефер предност во однос на нашата земја. Како резултат на тоа, нашиот трговскиот дефицит се зголеми на осум милијарди долари годишно и поради тоа повторно преговараме за лошите трговски договори, рече тој.

– Некои земји кои се членки на Светската трговска организација ги кршат сите принципи на кои се заснова таа организацијата. Таквите односи со Кина се неприфатливи. Начинот на кој Кина води бизнис не може да се толерира. Америка секогаш ќе дејствува во интерес на државата, како што покажа мојата администрација, истакна Трамп, додавајќи дека САД се повлече од Советот на ОН за човекови права.

– Нема да се вратиме се додека не се спроведат вистински и реални реформи, рече Трамп, потенцирајќи дека САД нема да го признаваат Меѓународниот кривичен суд.

– Што се однесува до САД, тој суд нема надлежност и авторитет, тој ја крши правдата. Нема да се откажеме од американскиот суверенитет во корист на бирократијата. Со Америка управуваат Американци. – Ја одбиваме идеологијата на глобализмот и ја прифаќаме доктрината на патриотизам, изјави Трамп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top