среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 101 ново

Заев: Не побаравме да се смени името на аеродромот „Македонија“ во Солун

Македонија во преговорите со Грција се согласила со промена на името на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, но не барала Грција да го смени името на аеродромот „Македонија“ во Солун, изјави премиерот Заев во отворена програма на „Телма“ посветена на референдумот во која учествуваат и вицепремиерите Шеќеринска и Османи.

Според Шеќеринска причина за тоа била самодовербата кај македонската страна за тоа која е и што е.

Според Заев гарантирањето на македонскиот идентитет е комплетно затворено со Преспанскиот договор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top