среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Винона Рајдер мисли дека 26 години е во брак со Кијану Ривс

Додека ја промовираше новата романтична комедија Destination Wedding, во која глуми заедно со Кијану Ривс, Винона Рајдер откри дека заедно со колегата имале вистинска венчавка во 1992 година, додека заедно го снимале филмот „Дракула“.

Актерите заедно играа во хоророт, а нивните ликови Мина и Џонатан Харкер, се венчаа по сите црквни правила во грчката православна црква во Лос Анџелес.

„Навистина, се колнам, мислам дека навистина сме венчани. Во таа сцена, режисерот на „Дракула“ викна вистински свештеник, која ја изврши целата церемонија. Мислам  дека сме венчани“, истакнала Винона.

Дека во венчавката ги почитувале сите правила на црквата, потврдил и режисерот Френсис Форд Копола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top