среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски: За мене најдобро е да остане Република Македонија, јас сум против договорот

Во вечерашното гостување „Топ Тема“ на телевизија Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека според него најдобро решение за името е да остане името Република Македонија.

Тој изјасни дека 134 држави ја признале Република Македонија под своето уставно име.

-Имам право да сум против тој договор и сакам да го бранам мојот став пред  граѓаните зошто сум против договорот. Еве неколку причини поради кои сум против: Почнавме од преамбулата, од повелбата на Обединетите Нации.

Тој потсети дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да преговара за фер, достоинствено решение, потенцирајќи дека оваа решение кое го  имаме не е ниту фер, ниту достоинствено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top