среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Модриќ е најдобриот фудбалер во светот

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е најдобриот во светот за изминатата година, во изборот на ФИФА.

Тој ја доби наградата „The Best“, во конкуренција на Кристијано Роналдо и на Мохамед Салах. „Кралот“ Модриќ со Реал Мадрид го освои трофејот во Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Хрватска стигна до финалето на Мундијалот во Русија.

Со ова, Модриќ стави крај на доминацијата на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси во изборот за најдобар светски фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top