среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски: Мнозинство од вмровците или ќе апстинираат или ќе гласаат против на референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека најголемиот дел од членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ или ќе, како што рече апстинираат или ќе гласаат против.

Мнозинството членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ или ќе апстинира од гласање или ќе излезе и ќе гласа против. Ако овој Договор биде ефективен, Македонија ќе биде дел од ЕУ ако ги исполни останатите услови според мерит системот. Кој гарантира дека ако ние го решиме спорот и си ја завршиме домашната задача, ќе влеземе во ЕУ. Кој ни гарантира дека Грција нема и понатаму да не блокира со своите мускули?, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top