среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

„Мајмунски сипаници“ во Европа – вакцина нема, како да се заштитите

Српските здравствени власти соопштија денеска дека засилиле мерки за надгледување на граничните премини по појавата на случаи заболени од т.н. „мајмунски сипаници“ (Monkeypox) во држави од Западна Европа.

Во Министерството за здравство е формирана посебна група за следење и контрола на тоа заболување. За таа болест засега не постои вакцина и досега се потврдени случаи во Велика Британија. Со тој вирус се заразени патници кои во таа држава дошле од Нигерија.

Вирусот на човек се пренесува со консумирање месо или контакт. Пренесување од човек на човек е ретко, но не и неможно.

Периодот на инкубација трае од 7 до 17 дена. Осипот е сличен со осипот на големата сипаница, со таа разлика што при мајмунски сипаници се зголемуваат лимфните јазли. Болеста започнува со зголемена темепратура, главоболка, болка во мускулите, во грбот, потечени лимфни јазли, истоштеност.

Процентот на смртност е низок 1-10%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top