среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 105 ново

Најстариот Куран на светот е постар и од пророкот Мухамед!?

Фрагменти од најстариот Куран на светот, кои се пронајдени минатиот месец во Бирмингем, датираат од времето пред пророкот Мухамед. Ова би можело да го растресе исламот, тврдат научниците а пренесува Дејли мејл.

Како што пишува британскиот весник, листот е напишан со мастило со рана форма на арапското писмо, а фрагментите содржат сури (поглавја).

Стручњаците од Оксфорд утврдиле дека најверојатно станува збор за најстариот Куран на светот.

Ова откритие е посебно значајно, зашто се сметаше дека Куранот, во раниот ислам, се пренесувал повеќе по устен отколку по пишан пат.


Сега, неколку стручњаци тврдат дека фрагментите датираат од времето пред Мухамед.

Се верува дека овој Куран е напишан меѓу 568 и 645 година по Христа, додека години кои се врзуваат за животот на Мухамед се од 570 до 632 по Христа.

– Најблаго речено ова ќе поремети сѐ што сме тврделе дека знаеме со сигурност како настанал Куранот, а ќе има импликации и на дел од историјата која се однесува на Мухамед, рече Том Холанд за Тајмс.

Кејт Смол од Оксфорд тврди дека сево ова дава повеќе основа за некои теории за постоењето на светата книга како онаа во која се тврди дека Мухамед и неговите први следбеници користеле веќе постоечки текст што потоа го преработиле за да се вклопи во нивната политичка и теолошка агенда.

Од друга страна, муслиманските теолози силно ги оспоруваат овие тврдења. Се смета дека пророкот Мухамед го основал исламот нешто пред 610 година, а првата муслиманска заедница дека е основана во Медина 12 години подоцна.

Дотогаш Куранот се пренесувал исклучиво по устен пат сѐ додека калифот Абу Бакр не наредил да се преточи во книга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top