среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Скопскиот ветар корене цели стебла (ФОТО)

Силниот ветер што го најави УХМР пристигна и во Скопје. Ветрот носи се пред себе, Освен правта која ветерот безмилосно ја разнесува, низ градот може да се забележат и паднати дрвја. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од паднати дрвја низ Скопје. Наглиот пад на температурите и приближувањето на студените воздушни маси, коешто го најавија од УХМР веќе почна да се чувствува во Скопје. Силниот ветер и правта која што потсетува на пустинска олуја е забележана и од нашите репортери. Според податоците од УХМР, попладнево ветерот би можело да достигне брзина до 90 километри на час.

Ветерот ќе продолжи да дува и во текот на утрешнит ден, но со намален интензитет. Дожд нема да има.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top