среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Скурлетис: Каменос да не создаде проблеми во владата поради македонското прашање

Сметам дека не е веројатно Каменос и Независни Грци да сменат мислење за содржината на Договорот од Преспа, но не треба поради тоа да се поништат причините зошто беше формирана коалициската влада, вели новоизбраниот генерален секретар на централниот комитет на СИРИЗА, Панос Скурлетис во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Скурлетис вели дека ги почитува ставовите на Каменос и индиректно го повикува коалициониот партнер да не создаде проблеми во работата на владата.

– Сметам дека не е веројатно Каменос и Независни Грци да сменат мислење за содржината на договорот. Ниту некој го бара тоа од него. Но, она што треба тој да го земе предвид е следното: дали несогласувањето во ова важно прашање, кое што не е основа на нашиот договор кога започна оваа влада, кога ја формиравме коалицијата, дали е причина да ги поништи причините зошто бевме заедно и во јануари 2015 и во септември 2015, вели Скурлетис и додава дека е голема политичката одговорност на Каменос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top