четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Сѐ почесто мажи што чистат по дома завршуваат на Токсикологија

Секој ден по едно лице завршува на Tоксикологија поради мешање на солна киселина и варакина, додека чистеле по дома. Од клиниката алармираат дека бројот на вакви пациенти кои вдишале отровни гасови последната година драстично се зголемил.

  • Речиси стана секојдневие, нема дежурство а да не дојдат 1-2 домакинки или домакини како резултат на вдишување на пареи од корозивни средства. Најчесто во домакинството се користат солна киселина и варакина и нашите домакинки мислат дека ќе постигнат поголем ефект ако ги помешаат овие 2 супстанци. За жал при ова се формира хемиска реакција при што се ослободуваат страшно иритативни дури и отровни гасови кои предизвикуваат проблеми –  вели за „Сител“ д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија.

Вдишувањето на опсната хемиска реакција според токсиколозите предизвикува компликации на целиот респираторен систем, а посебно на белите дробови. Ако порано помош од лекарите поради нарушено здравје од корозивните средства за чистење барале само жени, сега тоа го прават и се повеќе мажи.

  • Возраста е различна и во последните години нема само жени како што беше порано карактеристично, се повеќе и мажи завршуваат после чистење на санитарии, итн… – додаде д-р Беќаровски.

Но, не само со компликации од вдишување, годишно на Токсикологија завршуваат и стотина пациенти кои со намера да се отрујат испиле солна киселина или друго средство за чистење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top