среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски од Охрид: „ВМРО е чувар на Македонија“ (ВИДЕО)

Ние сме ВМРО, а ВМРО е кауза, непокор и пред се емоција, но најважното чувар, чувар на Македонија, нејзин сопатник низ времето. Било и ќе биде.

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и со срце, не сум на страната на оние кои работат на обезличување на својата држава, својот народ, затоа што јас не би можел да се погледнам во огледало ко прифатам нешто во што не верувам, нешто што не го чувствувам и спознавам за исправно. Јас ја сакам Македонија онаква каква што е, кава што ја наследивме од нашите предци и сакам да им ја оставиме на нашите деца онаква каква што ја заслужуваат – исправена, горда и  подобра од онаа што ја наследивме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top