среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

На сперматозоидите не им е сеедно какви гаќи носите

Долги време се смета дека долниот веш кои мажите го носат и положбата во која го држат половиот орган влијае на квалитетот на спермата, а науката го потврдила тоа.

Судејќи спрема спроведената студија, мажите кои носат широки боксерки во текот на денот и спијат голи имаат помало ниво на оштетени ДНК сперматозоиди, во споредба со оние кои носат тесни боксерики и дење и ноќе.

“Мажите кои сакаат деца, треба да знаат дека вешот кој го носат е поврзан со квалитетот на спермата”, вели истражувачот Кетрин Сапра.

Студијата следела 500 мажи за време од една година, земајќи го во обзир вешот кој го ност и квалитетот на спермата.

Научниците утврдиле дека кај мажите кои носеле широки боксерки во тек на денот имаат 25 отсто помалку оштетени фрагменти на ДНК отколку оние кои носеле тесни гаќи. Иако преимерокот од учесниците во студијата бил релативно мал, и некои други докази покажуваат дека комотниот веш има добри ефекти на плодноста на мажите.

“Подолго време знаеме дека не е добро тестисите да бидат премногу загреани, било поради работа или поради тесен веш, бидејќи тие имаат лош квалитет на сперма во однос на оние кои имаат поладна температура “таму долу”, вели Алан Пејси.

Она што не е докажано дали промена на типот на долниот веш кај мажите може да го подобри квалитетот на спермата.

“Она што сега треба да видиме дали носењето поширок веш може да помогне доколку спермата е веќе оштететена”, истакнува тој.

Во меѓувреме, оние кои сакаат наследници или едноставно се грижат за здравјето на својата сперма, нема што да изгубат со тоа што ќе носат пошироки гаќи, а може и да помогне.

“Во тоа, дефинитивно нема никаков ризик и носење широк веш е секако совет за оние кои сакаат да станат родители.”, додава Пејси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top