петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Османи: Иванов претставува се она што сакаме на 30 септември да го прекинеме

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи коментирајќи ја изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе на референдумот на 30 септември, рече дека шефот на државата „претставува се она од што Македонија сака да излезе на 30 септември”.

– Можеби на некој начин ова е добро што вака се случи бидејќи господинот Иванов претставува се тоа што сакаме на 30 да го прекинеме. Се тоа од што Македонија сака да излезе на 30 септември го претставува господинот Иванов со неговото дејствување во наредниот период. Добро е што знаеме што очекуваат граѓаните и јасно го правиме контрастот меѓу тоа што треба да одлучиме. Одлуката е меѓу нешто што претставува господинот Иванов и нешто што претставува целиот западен цивилизиран свет кој дојде овој месец во Скопје, но што го претставуваат и огромното мнозинство граѓани на Република Македонија, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата и нагласувајќи дека ова е негов личен став.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top