четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Биоенергичар пријавен за полови дејства врз 16 годишно девојче

М.Н., биоенергичар од Битола вчера извршил полови дејствија врз 16 годишна девојка од Скопје, која отишла кај него со нејзината тетка.

„Во СВР Битола е пријавено дека вчера околу 11 часот 16-годишна девојка од Скопје со нејзината тетка од Битола, отишла кај М.Н. биоенергичар од Битола, при што истиот врз неа извршил полови дејствија допирајќи ја во пределот на градите, телото и интимните делови“, соопшти МВР.

СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top