среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Снимија во живо како ги затрупува лавина (Видео)

Двајца шпански алпинисти, фотографи и вљубеници во природата во живо снимија лавина што ги затрупа, но имаа среќа некако да преживеат, а не тоа да биде снимка на нивната смрт.

Марта Брето и Тато Розес, заедно со нивните носачи, ги истражувале глечерите во зафрлената долина Чапурсан во пакистанскиот регион Хунза-Нагар непосредно до границата со Авганистан, кога одненадеш кон нив се спушта лавина.

Во тие моменти, единствено што Шпанците можат да направат е да се засолнат зад неколку карпи во нивна близина, што на крај се покажува клучно за да останат живи.

Целиот тој период една од нивните камери останува вклучена и ја снима големата маса снег што ги прекрива двајцата авантуристи и ги овековечува тие моменти на извонредна среќа што тие ја имаат за да го преживеат тој момент.

За да го овековечат овој настан, Марта и Тато, одлучија снимката да ја претворат во документарец со наслов „Спомени од Чапурстан“, што го подготвуваат за издавање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top