среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

„Фолтин“, Ристановски, Масин – одлична комбинација за промоција на поезијата „Креветизам и хоризонтала“ на Бранислав Николов

Првата книга поезија на музичарот Бранислав Николов, „Креветизам и хоризонтала“ беше промовирана синоќа во кафе-бар „Цреша“ во Скопје. Лидерот на „Фолтин“, заедно со членовите на познатиот битолски состав ги изведоа омилените стихови на преполниот локал.


Актерот Никола Ристановски и ликовниот уметник Мирослав Масин им се придружија на Николов и на „Фолтин“ во промоцијата на книгата, која е во издание на „Прозарт медиа“.


Ристановски и Николов, кој ја објави книгата под уметничкото име Пијан Славеј, ја изведоа и култната „Heroes“ на Дејвид Боуви.


Во делото на Николов има песни кои „Фолтин“ веќе ги има снимено, но има и такви кои прв пат ја гледаат светлината на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top