четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Моите принципи и вредности или твоите лаги и штетни политики: Зоране, победи го стравот, ајде да дебатираме за Македонија! (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Неготино повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ-дуел. Мицкоски ги сподели на Фејсбук впечатоците од средбите со неготинчани – граѓаните се разочарани што од тешкиот живот и реалните проблеми, што од распродавањето на државата, нејзиното име и достоинството од страна на Заев и луѓето на власт.

На средбата со неготинчани станало збори и за уставните амандамни кои премиерот и Владата ниту ги соопштуваат ниту со некого се консултираат, што укажува дека повторно нешто кријат.

„Дали има нешто повеќе од тоа што го читаме во капитулантскиот договор, а се креие во уставните амандамни“, со право се загрижени жителите на Неготино.

„Бегаат од вистината, на секој можен начин сакаат да избегаат од дебата и дуел, а бегаат затоа што лагата и манипулациите стануваат нивно второ име. Стравот е во дворот на Владата и кај Зоран Заев, и затоа бега од ТВ дуел, затоа што таму ќе мора да објасни зошто овој договор е капитулантски, но ќе зборуваме и за сите оние криминали, лукративности, за лагите и се она што го ветуваа, а не го исполнија.

Зоране, победи го стравот еднаш во животот и да излеземе на ТВ дуел, каде што ќе ги немаш на помош сите оние советници и скапо платени реклами кои треба да ја сокријат вистината. Ајде да дебатираме за Македонија!

Остави ги оние монтирани дебати што ги закажуваш неделава што следи на еден национален медиум, каде ти и заедно со твоите двајца потпретседатели Шекеринска и Османи ќе глумите ТВ дуел и ќе дебатирате за розевата манипулативна слика, така фингирајќи дебата.

Ајде на вистински ТВ дуел па граѓаните нека одлучат на 30 септември кој бил во право, моите принципи и вредности или твоите лаги и штетни политики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top