среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Тони Михајловски: Ама, јас повеќе му верувам на Макрон отколку на сите спотчиња и луѓето во нив (ВИДЕО)

И сега, за името е или не е, прашува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски, коментирајќи ја видеопораката на франсускиот рпетседател Емануел Макрон, кој отворено кажа дека на референдумот се гласа за Преспанскиот договор, односно за промена на Уставот и на името на Република Македонија. Власта води кампања за европска Македонија, за ЕУ и НАТО, но студениот туш од Макрон фрла друго светло на референдумот.

„Големиве “војводи” ќе излезат ли да го верификуваат овој апокалиптичен договор, па дури и со поништено ливче или глас против? Или тоа милионерот говори од нив, за да ги замолчи “бомбите” во кои ги нема на мистериозен начин. Граџанството и адаптоидот од премиер упорно лажат дека референдумот е за НАТО и ЕУ, но еве малиот на баба, фино објаснува за што се работи. За промена на устав, промена на име, обезличување во нешто што нема идентитет, историја и иднина. Никој од белосветскиве емисари не дава гаранција дека ќе влеземе било каде. Освен “нашиве” со песнички и приказни. Ама јас повеќе му верувам на Макрон од колку на сите спотчиња и луѓето во нив. Не знам зошто, ама му верувам, пишува Михајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top