петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 20 ново

Бочварски, градоначалникот на Штип ѝ посака добредојде на Северина! (галерија)

„Добредојде за Северина во Штип, очекувам добра забава и многу гости од сите краеви на Македонија.
Се гледаме вечерва“, напиша на својот профил на Фејсбук, Благој Бочварски, градоначалникот на Штип.

Во Штип во тек е „Штипска пастрмалијада“, каде што многу гости од регионот, но и цела Македонија уживаат во добра пастрамајлија и одлична музика. Звуците на неповторливиот Влатко Стефановски, Дани, Кристина Арнаудова и Ван Гог го збогатија првиот ден од овој настан, а за вечерва е најавена хрватската и балканска ѕвезда Северина. Пред неа ќе настапат Зоран Илиев и Јоце Панов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top