сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 43 ново

Мицкоски во интервју на „Канал 5“: Нема раскол во најголемата опозициска партија (видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за Канал 5 вели дека нема раскол во најголемата опозициска партија.

Мицкоски говори и за актуелните прашања во однос на референдумот и договорот со Грција.

Со лидерот на најголемата опозициска партија разговараше Мирјана Трпческа.

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ  има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат.ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Мицкоски.

Целокупниот овој процес се води катастрофално, по моја оценка, сососема  погрешни пораки, пораки кои се манипулативни, пораки кои што се заведувачки, вели во интервјуто за Канал 5 телевизија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На прашањето на новинарката дали во тој контектст би ги сместил и пораките на претставниците на меѓународната заедница, Мицкоски вели:

-Не, во тој контекст ги сместив пораките на оние кои што ги кажуваат за време на оваа кампања, а кампања точно знаеме дека не водат претставниците на меѓународната заедница, него води Собранието на Република Македонија.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top