среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Откриени луѓето кои го попречуваа снимањето на екипата на „Економски лидер“ (видео)

Дамјан Костовски викан „Американо“ и Дејан Стојчески викан „Глауч“ се двајцата двајцата Гостиварци се  кои вчера ја попречуваа екипата на Економски Лидер да си ја обавува својата професионална задача и не им дозволуваа да го снимаат државното земјиште кое е узурпирано од страна на граночалникот на Скопје, Петре Шилегов, објавува „Економски лидер“.

Граѓаните кои ги препознале, за Лидер ги откриле нивните имиња и рекле дека двајцата се долгогодишни активни членови на владејачката СДСМ, а од фотографиите може да се забележи дека се исклучително блиски со Шилегов.

Инцидент се случи вчера во Маврово каде екипата на Економски Лидер беше попречувана од луѓе на Шилегов да ја снима неговата куќа во Маврово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top