сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Македонија го потврди учеството на Евровизија

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019 година, односно земјата ќе испрати уметник и песна во Тел Авив, Израел.

Македонскиот радиодифузер МРТ го потврди учеството, но не се објавени други детали, наведува порталот EscXtra, чии содржини се главно евровизиски.

Во последните три години македонскиот претставник на Евровизија го избира МРТ, а во претходните години за евровизискиот изведувач се одлучуваше и на фестивали.

Досега околу 30 држави потврдиле дека ќе учествуваат на Песна за Евровизија, што следната година во мај ќе се одржи во Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top