среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 107 ново

МИА го потврди цензурирањето, а го обвини „Катимерини“ дека лаже

Со оглед на упатени прашања од различни медиуми во врска со корекцијата на интервјуто на премиерoт Зоран Заев, Македонската информативна агенција (МИА) посочува дека немало никаква интервенција од Алексис Ципрас и од Атина како што се пренeсува, ниту од кого било.

МИА корекцијата ја направи откако реагираа македонските медиуми.

Единствено што е точно е дека по увидените реакции во печатот за пренесеното интервју, е направена проверка на истото и е утврдено дека се направени погрешни интерпретации за што веднаш е направена корекција и истата коригирана изјава е дистрибуирана до јавноста.

Правило е кога агенциите ќе направат грешки да се испратат корекции, дополнувања на веста па дури кога станува збор за сосем погрешни вести и повлекување на истата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top