среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Авион се урна во близина на аеродром – загинаа татко и син

Мал авион падна во близина на аеродромот во Мисури, а во несреќата загинаа татко и син.

Несреќата се случила во услови кога аеродромската писта не била осветлена, пренесе агенцијата АП.

Настанот се случил во градот Фестус, јужно од Сент Луис. Пилотот се враќал од Њујорк каде пријавил проблеми со електриката во авионот, кои го спречиле со далечинскиот управувач да ги активира светлата на пистата што се гасат по затворањето на локалниот аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top