среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Коѕијас: Го поздравувам Преспанскиот договор, кој нè ослободи од затворот

Министерот за внатрешни работи на Грција, Никос Коѕијас денеска оствари средба со својот германски колега Хајко Мас во Атина уште еднаш го поздрави Преспански договор, кој, според него, ги ослободил од затворот.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по денешната средба со својот германски колега Хајко Мас во Атина уште еднаш го поздрави Преспански договор, кој, според него, ги ослободил од затворот.

Коѕијас уште еднаш додаде дека парламентот на неговата земја ќе гласа за договорот и за пристапувањето на Македонија во НАТО веднаш по уставните измени кај северниот сосед, најверојатно во јануари.

Тој е сигурен дека, ако Скопје ги исполни преземените обврски околу Уставот, спогодбата во грчкиот Парламент ќе биде изгласана со поддршка на пратениците од левиот центар и независни.

„Ни требаат мнозинство пратеници, а не партии. Мнозинствотопратеници веќе го поддржуваат договорот“, уверува Коѕијас.

„Ова е историска шанса. Се надевам дека овој историски договор ќе биде спроведен“, изјави Мас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top