сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Затворени улици во центарот „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2018, утре /22.09.2018 година, сабота/ во периодот од 10 до 14 часот за сообраќај ќе бидат затворени делови од улиците Димитрие Чуповски и 11 Октомври, на потег од крстосницата со улицата Даме Груев и булеварот ВМРО до улицата Филип Втори Македонски, а моторниот сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.

Возилата на јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите што застануваат на автобуските стојалишта „Центар Рекорд“, а се движат од запад кон исток ќе бидат пренасочени преку улицата Даме Груев. Возилата на јавниот градски превоз кои се движат од исток кон запад ќе бидат пренасочени преку улицата Свети Кирил и Методиј.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим на сообраќај и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top