среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Заштитна ограда околу разумот

 

Ламбе Арнаудов

Разумот е особина која луѓето ги прави различни од животните. Наметнатиот разум ги изедначува  луѓето и животните.

Човечкиот разум е моќен да ја бара и пронајде вистината и правдата и затоа разумен човек е должен да изнајде извесни норми во приватниот и јавен живот без да отстапува во ниеден момент, како би живеел свесен за своите општочовечки одговорности и пред самиот себе. Особено кога е во прашање народот и татковината ангажираноста, функционалноста и моќта за расудување на разумот се здобива со една нова би рекол космичка димензија на лична одговорност на поединецот за неговите постапки.

Разумот, луѓето ги прави интелигентни и паметни. Навидум исто. Но не е така. Интелегентниот човек сам или со помош на другите знае како да се извлече од неволјите во кои западнал по сопствена вина, ама секогаш на штета на други, најчесто невини луѓе кои дури и да немаат никаква допирна точка со причините и изворот на неговите лични и општествени проблеми. Од друга страна, паметниот никогаш не дозволува да западне во неволји и така се поштедува и себе си и другите од времени или трајни негативни последици. Затоа порачувам: Бидете паметни.

Бидете паметни и подигнете непробојна ограда околу вашиот разум и немој да дозволите озрачување, инфицирање или контаминирање на вашиот незаболен и здрав разум.

Одбранете се од ова невидено силување, мрачна пропаганда, застрашување и бесмилосно оцрнување на слободно мислечкиот разум. Агресија и окупација врз одамна формираниот и непроменет слободарски и патриотски разум не смеете да дозволите, пред сé заради вашиот народ, вашата татковина и заради себе си.

Во НАТО и во ЕУ не се влегува со свиткана кичма. Свитканите кичми и агресијата на моќните за производ има духовно инвалидизирано општеството за кое нема протеза, целосно апатично, некреативно, опасно само по себе, што пак за последица може да има целосно исчезнување. На оние кои ве обвинуваат дека немате став, одговорете им со прашањето: А кој е вашиот став? Јас до денес немам слушнато став на СДСМ, на нивниот шеф, на нивната провидна несложна коалиција и на нивното очајно малубројно членство. Камо среќа да имавте став. Да бидам искрен до пред некое време и вие и малкумина наши и целата меѓународна заедница освен Грција имавте став. Став кој во ништо не се разликуваше од денешниот став на ВМРО-ДПМНЕ и  лидерот Христијан Мицкоски.

Што се случи во меѓувреме познато им е на сите граѓани на Македонија. Сознанието на Македонците не ви дава за право да се радувате на нивното мислење.

Вие господа немате став. Ставот што го пропагирате не е ваш став. Тоа е став на Грција, НАТО и ЕУ. Вие сте само папагалите кои пренесуваат нејасно она што чуле, а богами и не сте го разбрале.

Став во вистинска смисла на зборот и значење е ставот на лидерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ. Крајно демократски, принципиелен и недвосмислен. Тоа е став.

А не ставот произведен во филмската лабораторијата која од прекрасниот Борис Карлов направи Франкештајн. Македонија со вашиот став ќе личи во целост на монструмот направен од органи на многу различни луѓе кои едни со други не се слушаат, не се разбираат и не функционираат синхронизирано што за последица има ужасен крај. Така Македонија ќе биде Франкенштајн држава, во неа ќе живееат Франкејштајн граѓани кои ќе мора да почитуваат Франкенштајн институции, закони и устав.

Во такво општество каде е отепан духот, а разумот насочен, луѓето се претвараат од фактор на опстанок во лесно ранлива група чие дејствување може да придонесе до потполно исчезнување на еден народ. Народот е депресивен.  Војниците се кукавици, старешините колаборационисти, полицајците насилници, судиите корумпирани, работниците дембели, административците ситни џепароши, студентите и учениците учени – недоучени, естрадата јавна куќа полна со духовно осакатени машки и женски проститутки, писателите и академците дресирани животинчиња, а политичарите квислинзи.

Кој те сака таков во НАТО и ЕУ? Ако сам не знаеш и не можеш да се одбраниш, кого ќе браниш ти и кого ќе одбраниш?

Повеќе од очигледно е дека САД, НАТО и ЕУ сега си ја чукаат главата и се прават пишман, ама назад нема. Доаѓаат, не за да дадат поддршка на неспособните туку да разговараат со вистинскиот партнер.

Македонија, сега е веќе јасно дека подобредојдена ќе беше ако ставот на претседателот Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ ќе беше и официјален став на Владата на Р.Македонија. Тоа што владејачката номенклатура беше слепа да ја согледа настанатата ситуација а која беше целосно во прилог на Македонија и не знаеше да ја искористи, не доведе во ситуација од статус на господар на ситуацијата да се претвориме во послушно дете. По мене 99% во овој момент повеќе им сме ние потребни ним, отколку тие нас.

Почитуван народе македонски, имаш ретка историска прилика да им кажеш НЕ на ЕУ и НАТО. Не за да ги поразиш. Тие се наши пријатели. Остануваме трајно определени за членство во овие институции. Да ги освестиш дека овој народ е достоинствен, горд и со ништо не заслужува ваков антицивилизациски поход, поход кон еден малуброен но голем народ сметајќи според она што го подарил на светот. Да ги потсетиш дека неправдата не е дел од нивната политичка филозофија во која насилството од било кој облик одамна е отфрлено како средство на остварување на поставени цели. Вакво духовно насилство врз мојот народ и со ваква несразмерно пропорционална организирана сила не е видена во последниве 100 години. Од друга страна, една новинарка паница (скратеница од цепаница) признава дека Договорот со Грција е капитулација и додава: па, што и ако е. Демек и Германија и Јапонија потпишале капитулација. Да, ама откога ги направија најголемите злосторства против човештвото во историјата. Што направивме ние, во која војна бевме агресори и чии човечки права и слободи загрозивме или извршивме геноцид врз друг народ. Споредбата ти е идиотска.

Убеден сум дека со трансформација на туѓиот кукавички став во став кој ќе ја брани и одбрани сувереноста на Македонија што подразбира зачувување на име, јазик, идентитет, историја заедно со народот кој вековно постои, многу побрзо и полесно ќе ги постигнеме зацртаните цели за Евроатланска интеграција. Храброст, достоинственост, патриотизам, хуманост, човекољубие, истрајност, демократија – тоа се вредности кои се светост во НАТО, ЕУ и САД, а не вазалност, свиткана кичма, предавство, лигавење и ползење. Ниту вие ќе бидете задоволни, ниту ние среќни. Македонија ќе се чувствуваме како млада, убава и сиромашна малолетна невеста продадена на стар вдовец – чорбаџија. Невестата никогаш нема да го засака вдовецот а чорбаџијата секогаш ќе се чувствува изневерен.

Срамота. Голема срамота е за тебе Македонецу ако сето ова помине како што се слуша меѓу народот дека Македонија е продадена за некој си 200.000 евра корупција, 250.000 евра стан и уште неколку стотина илјади евра за уште двајца функционери. Сета сума не достигнува ниту 700.000 евра. За споредба пред 50 години еден белградски клуб купи натпревар со кој стана шампион за еден милион марки. Еден милион марки тогашни ревалоризирани денес вредат околу 20 милиони евра.

Натпревар во една просечна фудбалска лига е поскап од Р. Македонија која џамбазите ја продаваат денес. Ама разбирливо е. Џамбазите никогаш немаат сопствена стока, тие продаваат туѓа и на неа печалат без никаков ризик освен што спечалуваат резил, презреност и отфрлање од своите чесни сограѓани.

Сите богати светски и европски телали кои доаѓаат со фанфари и барабани од кои се слуша банално повторување на истата наизуст научена мелодија која подразбира само едно – предавство, наидоа на македонскиот непокор и цврсто ограден разум, кој не можат да го пробијат и озрачат без оглед на нивните силни скапоцени но лажни ветувања. Зборуваат и постојано притискаат за предавство. Одговорот е единствен. И ние се согласуваме дека треба да се предадете, ама за жал немаме каде да ве сместиме. Многу сте, мала ни е татковината и  премногу ни е скапоцен народот за да го изложиме на вашите “заразни болести“.

Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Сигурно. Ама, по волјата на народот и ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Само така вистинската љубов помеѓу Македонија од една страна и ЕУ и НАТО од друга страна ќе биде вечна и нераскинлива.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top