среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 107 ново

Министри, градоначалници, директори сватови – СДСМ го жени Богоев (ФОТО)

Градначалникот на Карпош Стефан Богоев и неговата свршеница Ивана Богоева вечерва прават свадбена веселба во еден скопски ресторан.

Стефан и Ивана се венчаа пред најблиските роднини во црквата „Св. Пантелејмон“ во јуни годинава. Избраничката на градоначаникот на општина Карпош, која на венчавката носеше сребрена шик креација, за свадбената веселба избра венчален фустан од тантела, а Стефан бел смокинг.

Од фотографиите на социјалните мрежи се гелда дека повеќето скопски градоначалници вечерва присуствуваат кај колегата на веселба, а го испочитувале и пратеници и министри и директори од владејачката партија.

 

Стефан ја запроси својата долгогодишна девојка Ивана во февруари годинава. За свечениот момент одбра симболичен датум – нејзиниот роденден.

Се ожени градоначалникот на Карпош

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top