среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 105 ново

Македонската дијаспора не го поддржува референдумот – во 14 ДКП за гласање се пријавиле само 74 гласачи

Нема да се отворат гласачки места онаму каде што има пријавено помалку од 10 гласачи – ова важи и за во земјава и за во странство, а е наложено со Изборниот законик, вели портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.
Како што објаснува, гласачите од земјава кои сепак ќе сакаат да го остварат своето право на глас, ќе можат тоа да го направат на најблиското место. Оние од странство ќе мораат да дојдат во Македонија.
Јавната пропаганда за референдумот почнува порано и завршува порано – односно крајот е во четврток на 27 септември во 24 часот.
Пријави за повреди на гласачко право на денот на референдумот ќе се пријавува на бесплатната телефонска линија: 0800 555 44.
Гугуческа смета дека транспарентноста и професионалноста на овој состав на ДИК е видлива и ќе го обели образот по претходните скандали.
Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top