среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Закани и притисоци во Водовод: Кој не гласа на 30-ти, на први нека се пријави во завод за невработени

Се зголемуваат притисоците во јавната адинистрација пред референдумот за промена на името. Инфомакс тврди дека до редакцијата на порталот пристигнале информации дека во јавното претпријатие „Водовод и канализација“, надредените им се закануваат на вработените дека доколку не излезат на гласање на 30 септември, ќе останат без работа.

Според информациите на Инфомакс, се планира нова системација на работните места во Одделот за наплата, а на сите оние кои што нема да се легитимираат дека изглегле на гласање, ќе им бидат укинати работните места според новата систематизација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top