среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Клоп со интересен коментар за изгледот на Фирмињо: Се врати Едгар Давидс (видео)

Бразилецот Роберто Фирмињо беше херој на Ливепрул во големата победа која ја оствари англискиот тим во дербито со ПСЖ, постигнувајќи гол во последната минута од судиското надополнување за драматичен триумф од 3-2.

Погодокот на Бразилецот стана хит и поради прославата која ја изрежира самиот тој, потег со кој ја остави зад себе непријатната повреда на окото поради која неговиот настап беше доведен во прашање. Во дадената ситуација, Фирмино се покажа клучен и од клупата, а на последниот тренинг повторно го привлече вниманието бидејќи се појави со интересна заштита.

Бразилецот се појави со заштитни очила за да се чувствува посигурен на тренингот, а неговиот новитет стана топ тема на тренингот, па од Клоп го доби прекарот „Едгар Давидс“, алудирајќи на легендарниот холандски фудбалер кој настапуваше со специјализирани очила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top