среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Ештон Качер со автомобил удри во 19-годишно момче, па се сликаше со него

Ештон Качер со својат автомобил удри во 19-годишниот Лео Маренги, па се фотографираше со него. Момчето се возело со својот скутер, кога актерот налетал на него и го турнал на земја.

Но, и покрај раскрвавеното колено, Лео не ја пропушти можноста да направи неколку фотографии со холивудската ѕвезда.

– Ме удрија со автомобил денеска… Но, ОК е, зашто тоа беше Ештон Качер- напиша момчето на Фејсбук.

Сето тоа се случило во Лос Анџелес, кај познатото Сансет Бронсон филмско студио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top