сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Приведени пет лица за поседување оружје

Пет лица се приведени, откако по проверка на три возила во едното е пронајден пиштол.

СВР Скопје вчера околу 16 часот презеде мерки и активности на паркинг просторот на трговски центар во Скопје.

Извршен е преглед на три патнички моторни возила „мерцедес“, „ланчиа делта“ и „голф“ во кои се затекнати пет лица и тоа О.Б. (34), Ш.А. (36), Ф.Л. (26), Е.И. (24) и Н.И. (22).

Од извршениот преглед во едно од моторните возила е пронајден пиштол марка ТТ кал. 7,62 мм. Лицата се лишени од слобода и приведени во Полициската станица од ОН Карпош.

СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top