среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски од Свети Николе: Европската иднина со овие луѓе на власт е далечна цел (фото)

– Штотуку остварив средба со граѓаните на Свети Николе. Им реков дека секогаш кога СДСМ е на власт Македонија губи по нешто и ја има се помалку. Порано тоа беше знамето преку неговата промена, прифаќањето на референсата ФИРОМ, спокојот и сигурноста која беше одземена преку криминалната транзиција. Го паметиме и оној фамозен 15-ти септември каде ветуваа по еден вработен од секое семејство, и оние многу потоа кои се случија, а кои беа доказ дека излажаа. Ни ветуваа иднина кога требаше да се прифати територијалната распределба, а ништо од тоа не видовме, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Како што дополнува, животот кој неодамна го ветуваа од СДСМ се претворил во колективно страдање на народот.

– Истите лаги, истите фарси, но заедничко е што Македонија полека ни се одзема. Сега пак ни викаат дека треба да се откажеме од нешто, и овој пат сакаат да го изгубиме името, идентитетот, достоинство. Европската иднина со овие луѓе на власт е далечна цел, затоа што човекот кој ни ја нуди е истиот оној Заев од она видео како бара поткуп, евро за Црквата, евро за Вицето, човек кој го дели народот и прогласува непријатели, човек кој во овие бурни времиња зарива нож во грбот на својот народ, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top