среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Мицкоски до Кукан и Флекенштајн: Договорот од Преспа е неприфатлив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн го повторил ставот дека неговата партија не може да го прифати Договорот со Грција зашто, како што истакнал, тој е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските евероатлантски интеграции.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во текот на разговорите заедничка била костатацијата дека евроатлантската интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на државата, животниот стандард на граѓаните, како и за реформските процеси во правосудството, здравството, образованието.

На средбата станало збор и за актуелната политичка ситуација во државата, а на Кукан и Флекенштајн им било укажано и дека актуелната Влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top