среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 105 ново

Јужни ја заврши својата кариера со пораз

Михаил Јужни ја заврши кариерата со пораз и беше елиминиран во вториот круг на турнирот на тврди терени во Санкт Петербург (Русија) со награден фонд 1,24 милиони долари. Претставникот на домаќините загуби од Роберто Баутиста Агут (Шпанија) со 6:7 (6), 6:3, 3:6 за два часа и 30 минути игра.

Јужни, кој е шампион на турнирот од 2004 година, учествувале со „вајлд карт“. Вчера тој ја запиша 499-тата победа како професионалец по 7:6 (6), 6:4 над Мирза Башиќ (Босна и Херцеговина) во првиот круг.

Триесет и шестгодишниот Јужни официјално објави по натпреварот против Агут дека става крај на својата 20-годишна кариера. Русинот има освоени 10 титули во сингл од турнирите на АТП, девет во двојки, а со Русија го освои „Дејвис купот“ во 2002 и 2006 година.

Неговиот најдобар пласман во светската ранг-листа беше осми во јануари 2008 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top